Лазаров го пречека Доминик Клајн на својот камп во Охрид

Денес во Охрид започна петтиот камп на најдобриот македонски ракометар „Кирил Лазаров 7“. Според организаторите ова е најдобро организираниот и најмасовен камп. Како и секоја година стручниот тим на кампот се погрижи за идеални услови, експерти од светот на ракометот и многу гости.

Светскиот првак со германската репрезентација, Доминик Клајн, кој до минатата сезона настапуваше со нашиот Лазаров во Нант вечерва пристигна во хотелот „Аквалина“ во Охрид и беше пречекан од нашата легенда. Најмладите се фотографираа со Клајн, а од утре ќе работат со него.

Покрај Клајн, во тимот на Лазаров се наоѓаат познати имиња како Марковски, Ангеловски, Бошковски, Матлиевски, Коцевска...