Лазаров го „изрешета“ Ним: Погоди 9/9 од седум метри!

Нант влезе во последниот месец од годината во врвна форма и по ремито во Данска во Европската лига, им се врати на победите во француското првенство. Кирил Лазаров одигра ефикасен натпревар во гостинската победа на Нант кај Ним, екипа која игра во групата со Еурофарм Пелистер фо Европската лига. Екипата на Алберто Ентрериос триумфално се врати од Ним, каде извојува победа од 26-34 (13-15) 

Лазаров со девет гола беше прв стрелец на Нант, погодувајќи исклучиво од линијата од седум метри. Покрај Лазаров, одличен беше и голманот Нилсен, кој запиша 14 одбрани.

Нант диктираше темпо, водеше од првата минута, а на одмор замина со +2. Сепак, почетокот на вториот дел донесе голема серија на гостите и убедлива победа. 

По дванаесет кола во францускиот шампионат, тимот на Лазаров има девет победи, едно реми и два порази. Нант со овие бодови се зацврсти на второто место, зад лидерот ПСЖ на табелата.