Лазаров ги собра репрезентативците за „мисијата Словенија“

Ракометната репрезентација на Македонија во мартовската ЕХФ седмица ја очекуваат два дуели против селекцијата на Словенија во Скопје и Копер. 

Селекторот Кирил Лазаров веќе ги објави имињата на кои ќе смета, а за денес беше закажан и првиот собир. Во скопскиот хотел „Александар Палас“ селекторот и стручниот штаб ги пречекаа ракометарите првпат во новата година и по настапот на Светското првенство во јануари. Лазаров мораше да менува непосредно пред репрезентативниот собир бидејќи поради повреда отпадна Петар Атанасијевиќ, а во комбинација влета неговиот тимски колега Цветан Кузманоски. 

Ракометарите ќе имаат кратко време за подготовка, бидејќи веќе в среда се игра првиот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот. Реванш средбата во Копер е на програмата четири дена подоцна (16 март, 18:30 часот).

Досега Македонија одигра два натпревари во квалификациите, ја совлада дома Естонија, а неочекувано загуби од Литванија.