ФОТО: Лазаров ги подели последните совети, Македонија спремна за Луксембург!   

Македонската машка ракометна репрезентација го одработи последниот тренинг во пресрет на утрешниот натпревар против Луксембург, со кој ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство во 2028 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги комплетираа подготовките и спремни го очекуваат првиот предизвик во квалификацискиот циклус. Целта е со победа да се отворат квалификациите и да се направи првиот чекор кон нов настап на континенталниот собир.

Македонија не крие дека ја има фаворитската улога, но тоа мора да го покаже утре на паркетот во салата „Борис Трајковски“.