• Иван Димовски

Ракометната репрезентација на Македонија ќе ја предизвика Словенија во квалификацискиот дуел на патот кон ново Европско првенство. Средбата во Скопје се очекува да понуди голема борба, а веќе се познати и составите за мечот.
Нашиот селектор Кирил Лазаров направи една интересна промена. Од тимот изостана дефанзивецот Никола Маркоски, а на негово место во комбинација влезе Валентин Карасманакис. Веќе од претходно беше јасно дека шанса ќе добие Цветан Кузманоски кој дојде наместо повредениот Петар Атанасијевиќ, а останатиот дел од тимот е очекуван.
- Составите на Македонија и Словенија:
Овој натпревар се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 20:00 часот. Двете селекции ќе одиграат и реванш в недела во Копер.