Лазаров ги „наполни“ Швеѓаните, Барса го освои Кристијанштад

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров одигра доминантен меч во победата на Барселона од 24-31 (12-19).

Лазаров и покрај ударот во лицето, кој го доби против ПИК Сегедин минатата недела, ја предводеше својата екипа во уште една победа, со која Барселона е скоро сигурно на врвот во својата група. Барса брзо дојде до 2-7, па до 4-10 и предноста до одморот само растеше. Лазаров даде дури 7 гола во првиот дел.

Продолжението беше само формалност и со половина сили европскиот првак демонстрираше моќ во Скандинавија. Во победничката екипа најефикасен беше Кирил Лазаров со 9 гола, а Толбринг даде 4 кај поразениот Кристијанштад. Со оваа победа Барса скоро сигурно ќе биде победник во групата во која игра и Вардар и директно ќе се квалификува за четвртфиналето на Лигата на шампионите.