Лазаров е МВП по првата фаза на ракометниот Мундијал

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Ако се погледне статистиката по пет одиграни натпревари на Мундијалот во Германија и Данска, нашиот капитен Кирил Лазаров е најкорисниот играч по првата фаза.

Лазаров на листата на најдобрите стрелци е на делба на четвртото место со 30 постигнати голови, но е најдобар асистент (25), па со вкупно 55 индексни поени се издвојува на врвот од индивидуалната статистика пред Данецот Микел Хансен, кој има 35 гола и 14 асистенции и Чилеанецот Ервин Фетчман.

Кај голманите Борко Ристовски со 37% успешност на одбранети удари се наоѓа на делба на осмото место. Лидери кај голманите според процентот на успешност се Никлас Ландин и Еспен Кристенсен со 45% успешно одбранети удари кон нивните голови.

И покрај добрите партии на Кирил Лазаров, нашите репрезентативци не успеаја да го минат првиот круг, па сега во Келн ќе разигруваат за пласман од 13. до 16. место. Прв противник на Македонија ќе биде репрезентацијата на Русија.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0