„Лазаров е главен во Македонија, тој одлучува, шутира, асистира...“

Соле
Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Денес, Македонија пред себе ќе има речиси невозможна мисија, бидејќи се соочува со европскиот првак Шпанија. Против репрезентацијата на Жорди Рибера не сме победиле на ниту еден од шесте меѓусебни меча, што само ја отежнува работата на Раул Гонзалез во дуелот против своите сонародници.

Најдобриот стрелец на „црвената фурија“, Феран Соле, го најави мечот со македонската репрезентација и повика на претпазливост со играта во одбрана против нашиот напад „седум на шест“.

„Мора да одиграме сконцентрирано во одбрана за да ги натераме Македонците да грешат и да ја користиме нивната игра без голман. Се надеваме дека ќе одговориме на овој предизвик и со тоа да ја намалиме нивната самодоверба во останатите делови од играта. Доколку започнеме со неколку украдени топки, можеме целосно да им ги помрсиме плановите.

Најголемата опасност од Македонија доаѓа од Кирил Лазаров. Тој е главен, тој одлучува во нападот, користи најмногу шутеви и прави асистенции за да ги разигра соиграчите. Нам ни останува да одбереме решение за да се справиме со нивната игра“, вели Шпанецот.

По денешната средба, македонските репрезентативци ќе одиграат уште еден дуел од групната фаза, против Исланд, кој ќе биде клучен за конечниот пласман на Мундијалот.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0