• Сашо Поповски
Македонската репрезентација испушти убава предност и губи на полувреме (13-15) во мечот за бронзен медал против Србија на Медитеранските игри во Оран, Алжир.
Позитивата по првиот дел можеше да биде на наша страна. Меѓутоа еден период со два играчи повеќе Македонија не го искористи и направи нелогични грешки во напад. Тоа го натера селекторот Кирил Лазаров да повика тајм-аут и да испрати порака до своите ракометари, особено до Мартин Серафимов.
Грешките продолжија, еден период го игравме со три исклучени играчи, па тоа ѝ овозможи на српската репрезентација да го врати водството и задоволна да замине во соблекувална.