ФОТО: Лазаров дел од богатата колекција дресови на Перез де Варгас

Варгас

Познатите спортисти често знаат да разменат дресови со своите големи ривали на терените. Кога натпреварот ќе заврши и борбата доаѓа до крај, играчите во најголемиот број случаи си честитаат за одиграното и изразуваат почит за ангажманот кој се прикажува на терените.

Голманот Гонзало Перез де Варгас е еден од најдборите на својата позиција во светски рамки и ги брани боите на Барселона од 2009 година. Низ годините застанал наспроти големи ракометни имиња, а ја делел соблекувалната и со неколку македонски интернационалци.

Меѓу нив се издвојува Кирил Лазаров, а тука е и Борко Ристовски, кој краток период беше меѓу стативите на Каталонците. 

Најдобриот македонски ракометар доби место во богатата колекција дресови кои ги поседува шпанскиот голман. Името на Лазаров беше прикажано на Инстаграм профилот на чуварот на мрежата на Барса, кој се пофали дека е сопственик на дресови од Карабатиќ, Наџи, Абало, Палмарсон, Штербик и многу други.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gonzalo Pérez De Vargas (@perezdvargas) on

„Голем дел од овие дресови се од лути ривали, но меѓу нив има и пријатели за цел живот“, напиша голманот на Барселона.

Лазаров играше за шпанскиот гигант од 2013 до 2017 година и со него ја освои единствената титула во Лигата на шампионите, а се закити и со голем број одличја во домашното првенство.