Лазаров даде седум гола, Нант им се врати на победите

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше одличен настап на клупски план и во дресот на Нант, дојде до триумф над Трембле (38-25) во рамки на предпоследното коло.

Нант беше во криза, имаше два порази во низа, но се врати на победнички колосек. Домаќинот имаше иницијатива цела средба, па очекувано ги запиша посакуваните бодови.

Лазаров имаше одлична средба и зад своето име имаше седум гола, со што беше втор стрелец, зад Николас Турнат со девет погодока.

И покрај победата, Нант ги загуби шансите да игра во Лигата на шампионите в година и ќе мора да се задоволи со ЕХФ Купот.