Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

Последниот меч за Македонија на Европското првенство донесе пораз од домашната репрезентација на Австрија. Истиот можеше да биде повисок, ако тимот на Алес Пајовиќ не го намалеше темпото во завршницата, со оглед на високата предност.

<<< ПОВРЗАНО - Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

<<< ПОВРЗАНО - Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ

Кирил Лазаров по мечот го анализираше нашиот настап и не заборави на многубројните навивачи кои пристигнаа во Виена.

„Треба со ладна глава да ги анализираме работите и што се вика да почнеме од почеток. Реков и порано, можеме да играме со Австрија, но денес одигравме под нашето ниво. Го разбранивме нивниот голман и тоа беше пресудно.

Не изненадија со „фластер“ одбраната за мене, не натераа на грешки, а виновни бевме и ние што промашувавме од чисти ситуации. Имавме одлична група, секој со секого можеше да се надигрува, ние бевме и благи фаворити, па поради тоа ова е разочарувачки.

Големо богатство е да се има толкава поддршка во туѓа земја. За крај би им се заблагодарил на сите македонски навивачи. Заслужуваме секаква критика и остануваме должни до наредниот пат. Капа до под за сите Македонци кои не бодреа, го почувствувавме тоа“ , изјави нашиот капитен Лазаров.

<<< ПОВРЗАНО - Стоилов: Недозволиви се такви грешки, вината за поразот е кај нас

За македонската репрезентација останува да ги консолидира редовите во обид да се врати на победничките патеки и да избори нов пласман на големите ракометни собири.

<<< ПОВРЗАНО - Борко: Далеку сме од онаа храбра репрезентација што бевме!

<<< ПОВРЗАНО - „Групата за мерак“ за Македонија донесе најлош пласман во историјата на ЕП!

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“