Лазаров без промашување, заврши како прв стрелец на Нант во победата над Шамбери 

Лазаров

По двата кикса во низа, екипата на Нант им се врати на успесите во францускиот ракометен шампионат, откако вечерва со убедливи 26-35 славеше на гостувањето кај тимот на Шамбери, а повторно на паркетот блескаше нашиот Кирил Лазаров. 

Македонскиот десен бек со одличните игри продолжи каде што застана со нашата селекција во ноемвриската ЕХФ недела и со пет гола од исто толку обиди беше најпрецизен ракометар во гостинскиот табор. 

Нант, до својата четврта овосезонака победа стигна без многу проблеми. Својата задача ја заврши уште во првиот дел, во кој се избори за предност од десет гола (10-20), па во вториот шанса добија и ракометарите од клупата, па домаќинот успеа само минимално да намали и загуби со 26-35. 

Со оваа победа Нант се искачи на третата позиција на табелата во домашниот шампионат со 9 бода, седум помалку од перфекниот ПСЖ, но тимот на Лазаров има два натпревари помалку.