Лазаров без погодок, Нант им се врати на победите во Лидл Старлигата

Екипата на Нант ја оправда фаворитската улога и на домашен терен убедливо славеше над Данкерк (43-28) во рамки на 23. коло од француската Лидл Старлига.

По две кола без победа, поради пораз од Ним и реми со Тулуз, Нант ја извојува најголемата победа со најмногу постигнати голови оваа сезона на личен план. Претходно тимот на Лазаров во Лидл Старлигата му даде 41 гол на Сесон Рен.

Прашањето околу победникот на оваа средба беше јасно уште по првото полувреме, кога на семафорот стоеше 22-15 за домашниот тим. Доброто отворање на вториот дел, беше само потврда на победата на Нант на овој меч.

Кирил Лазаров настапи на овој натпревар со лимитирана минутажа, но немаше ниту еден погодок (шут 0/2). Нант се наоѓа на третото место во Франција по 20 одиграни кола.