Лазаров беше најдобар, Нант испушти победа и одигра реми со Кил во ЛШ

Ракометарите на Нант и Кил одиграа реми (24-24) во рамките на Лигата на шампионите на ЕХФ. Средбата во Франција иако им припадна на домаќините кои долго беа во одлична позиција, не издржаа до крај. Кил го искористи искуството во своите редови и освои бод на ова тешко гостување со добар финиш на мечот. Мора да се напомене дека најкорисен играч на мечот според бројот на голови беше Кирил Лазаров (5).

Иако германскиот тим поведе, резултатска контрола презеде домаќинот. Нант беше тимот кој водеше, а Кил бркаше негатива во текот на целото прво полувреме кои имаше многу израмнувања. Сепак, Французите пред паузата одиграа одлично и со 12-9 заминаа на одмор. 

Тоа не беше доволно да се запре гостинот, бидејќи гигантот од Германија лесно се врати во игра до егал. Нант пак се врати на највисоките плус три во повеќе наврати, но не успеа да ги задржи бидејќи Кил бараше бодови во Франција. Со добри мини-серии Германците стигнаа до трилер завршница и нерешен резултат во последната минута, а до крајот го одбранија бодот против Французите. 

Најефикасен играч на натпреварот беше македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров кој постигна пет погодоци од осум обиди, додека од Нант по четири имаа Пехмалбек и Мине, а кај Кил Вајнхолд. 

Во истиот термин се одигра и натпреварот во Сегед, каде Киелце замина со цел плен откако победи со 26-30 (14-14). Домаќинот немаше сили да парира цел меч, па иако одигра респектабилен прв дел, загуби ритам и потоа го загуби натпреварот против лидерот во групата. Со овој пораз, ПИК Сегед има десет бодови, четири повеќе од Вардар, па математички остана достижен до крајот на групната фаза, секако ако ЕХФ одработи во корист на „црвено-црните“.