ВИДЕО: Лавовската енергија на Столе нема цена - пивотменот со голот на полуфиналето

Gol.mk на SEHA Final 4

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов одигра феноменална партија и вгради седум гола во победата над Мешков Брест во полуфиналето на СЕХА лигата во „Викторија Арена“. Еден од тие седум голови беше избран за најубав на натпреварот.

Имено, високиот Кристопанс додаде до кружниот напаѓач, а овој ефектно го матира Пешиќ. Енергијата која ја пренесува македонскиот репрезентативец е уникатна и често влијае на амбиентот и екипата.

  • Голот на натпреварот (Стојанче Стоилов):

Првпат оваа сезона Вардар го совлада Мешков Брест, откако во регуларниот дел на сезоната Белорусите славеа во Скопје и ремизираа пред своите гледачи.