„Лавовите“ на Талески славеа во Лемго, изненадувачки пораз на Вецлар и Миркуловски

Македонскиот репрезентативец Филип Талески и вицешампионот Рајн Некар Левен впишаа значајна победа на гостувањето кај Лемго со 23-25 во еден од неделните натпревари од 24. коло на Буднеслигата. 

Македонскиот интернационалец Филип Талески постигна еден погодок од два обиди. Рајн Некар Левен се надева на кикс на првакот Фленсбург, кој е лидер со шест бодови предност во однос на екипата на Јакобсен.

Филип Миркуловски и Вецлар пред своите гледачи загубија од Ерланген до 27-28, што е главно изненадување во денешната програма. 

Флензбург синоќа го победи следниот ривал во ЕХФ Купот на Еурофарм Работник, Хановер на гостински терен со 28-33 и останува лидер со четири бода повеќе од Кил и шест од Рајн Некар Левен и натпревар помалку.