„Лавовите“ моќни и со Рогиш на клупата: Совладана Куенка среде Шпанија

Со спортскиот директор Оливер Рогиш и тренерот на младинската екипа Мичел Алб на клупата, Рајн Некар Левен забележа значајна победа на теренот на Сиудад Енкантада во шпанскиот град Куенка.

Во рамките од третото коло на групната фаза на ЕХФ Купот, „лавовите“ славеа на гостински терен со 28-33. Ова беше „шок-терапија“ за Рајн Некар Левен по вчерашната (не)очекувана тренерска смена на Швеѓанецот Андресон.

Триото Генсхајмер, Шмит и Кинкеколе постигнаа по осум гола за победничката екипа, а Бразилецот Леонардо Дутра Фереира, кој се поврзуваше со Вардар во претходните неколку дена, се истакна кај Шпанците со девет постигнати гола.

По некомплетни две кола Рајн Некар Левен се издвои на стартот со три победи од исто толку одиграни натпревари. Во рамките од оваа група, Ним вчера славеше на теренот на Холстебро со 27-20.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Сиудад ЕнкантадаСиудад Енкантада 1 1 0 0 29:27 2 2
2 Рајн Некар ЛевенРајн Некар Левен 1 1 0 0 32:31 1 2
3 НимНим 1 0 0 1 31:32 -1 0
4 ХолстеброХолстебро 1 0 0 1 27:29 -2 0