„Лавовите“ доминираат во идеалниот тим на 7. коло на ЛШ

Седмото коло од Лигата на шампионите првпат донесе порази на двата македонски претставници, Вардар и Металург. Не минаа добро и клубовите на македонските клубови, па ниту еден Македонец или ракометар на наш клуб не се најде во идеалниот тим.

Идеален тим на 7. коло: 
Голман: Урх Кастелиц (ППД Загреб)
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некер Левен)
Лев бек: Симоне Јепсон (Флензбург)
Среден бек: Бариш Пуховски (Мотор Запорожје)
Десен бек: Амин Банур (Динамо Букурешт)
Десно крило: Марио Лопез (Адемар Леон)
Кружен напаѓач: Јаник Колбехер (Рајн Некер Левен)

Осмото коло се игра следниот викенд, а Вардар и Металург гостуваат кај Барселона и Бешикташ.