• Мартин Танасковски

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече паровите на завршниот Ф4-турнир кај дамите во Купот на Македонија.
Ждрепката посака екипата на Ѓорче Петров да се соочи со тимот на ЖРК Пелистер од Битола. Во втората двојка играат дебитантот ЖРК Спартак и ЖРК Чаир.
Натпреварите кај дамите ќе се одиграат на 18 април. Првиот меч е од 16:00 часот, вториот меч е од 19:00 часот. Финалето, пак, ќе се игра на 19 април.
Завршниот турнир е во салата „Парк“ во Струмица.