„Лавиците“ од Ѓорче на +30 во вториот суперлигашки меч сезонава

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров убедливо победи и на вториот натпревар од Суперлигата оваа сезона, совладувајќи го тимот на ЖРК Деспина со резултат 43-13 (19-6).

По убедливата победа над ЖРК Шампион на стартот, актуелниот првак на Македонија не виде мака и со вториот ривал против кого играше со скратен ростер. Разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на почетокот, кога „лавиците“ заминаа на 15-5.

Најдобар стрелец на мечот беше Емилијана Ризоска со десет гола, пред Анамарија Коларовска и Катерина Дамјановска со шест реализации, додека кај ЖРК Деспина, Андреа Конеска погоди пет пати, а Анастасија Јованоска имаше четири гола.