• Мартин Танасковски

Стартува новата сезона во женската македонска ракометна Суперлига, а главен фаворит за титулата е актуелниот шампион ЖРК Ѓорче Петров кој ќе го брани тронот од предизвикувачите.
Тешко е да се верува дека некој ќе ги симне „лавиците“ од тронот на македонскиот ракомет затоа што екипата ги задржа скоро сите играчи од лани, а донесе и засилувања на голманските позиции во имињата на репрезентативките Трајкоска и Чурлиновска.
ЖРК Чаир ќе биде главниот конкурент на ЖРК Ѓорче Петров. Дојдоа Теодора Дукоска, Бојана Диневска, Ивана Џатевска, Марија Галевска, Клеа Ајвази, Секако и турската ракометарка со големо искуство Севда Езкан.
Освежување во лигата е тимот на ЖРК Металург Автокоманда, различен субјект од оној, стариот ЖРК Металург. Повеќе играчи дојдоа во новиот клуб, како Котевска, Трпеска, Гулицоска, Гугуљанова, Петреска, Миновска, Тодоров, Костадиновска, Алексоска, Калајџиевска, Трајковиќ, Терзиќ, па ќе биде интересно да се види како овој тим ќе се претстави во деби-сезоната.
ЖРК Вардар подмладен и со три засилувања влегува во новата сезона, ЖРК Пелистер, пак, без високи амбиции. Во женската лига која ќе брои 14 клуба ќе играат уште Гевгелија, Шампион, Астибо, Стружанка, Спартак, Деспина, Скопје, Овче Поле СУ и Куманово.