„Лавиците“ единствени максимални, фаворитите ја завршија годината со победи

Во текот на вчерашниот ден и утрово се одиграа натпревари од 14. коло на женската ракометна Суперлига. Во оваа рунда мина без изненадувања, фаворитите одиграа според планот и славеа. 

ЖРК Ѓорче Петров беше убедлив на домашната средба против Овче Поле, па со триумф од 39-20 (16-10) замина на зимска пауза. Избраничките на Симе Симовски останаа единствената екипа која го заврши регуларниот дел од сезоната со максимален број победи. 

Ракометарките на ЖРК Металург одиграа моќна партија и со огромни 57-13 го совладаа Кузман Вардар. Уште по првиот дел девојките од Автокоманда водеа со убедлви 26-5, па рутински ја запишаа победата. 

На останатите терени, Скопје славеше против Гевгелија (27-25), ЖРК Куманово триумфира на гостувањето во Битола кај Пелистер (28-32), а утрово ЖРК Чаир славеше кај Шампион (27-39).