Лауге Шмит се враќа на местото каде ја започна кариерата

Данскиот репрезентативец Расмус Лауге кариерата од летото 2023 година ќе ја продолжи во екипата на Бјерингбро-Силкеборг.

Тоа значи дека уште едно големо име се враќа во данскиот ракомет. Искусниот бек ќе си замине од Веспрем каде настапува од 2019 година. Алборг наводно испратил понуда до 30-годишникот. Но, на крај неговиот избор паднал на тимот каде веќе помина четири години од кариерата.

Лауге е дел од репрезентацијата на Данска, со која освои светско и европско злато.