Лауге Шмит ја скрши jaгодичната коска, го чека долга пауза

Унгарскиот Веспрем објави лоши вести за своите фанови. Еден од најдобрите ракометарки на планетата, Расмус Лаугe Шмит се здоби со сериозна повреда на тренинг, откако при загревањето се судри со еден од соиграчите. 

Кај Данецот, кој пристигна во унгарската ракометна престолнина во летото 2019 година, евидентирана е скршеница на јагодичната коска, но за среќа не мора да има операција.

Сè уште не е познато колку долго ќе треба да паузира од ракометните терени.

Тимот предводен од шпанскиот тренер Давид Дејвис ги започна подготовките за стартот на Лигата на шампиони, кој е закажан за 16/17 септември.