Лауге ги скина вкрстените лигаменти и нема да игра на Ф4 во Келн и СП 2021

Lauge

Данскиот интернационалец и соиграч на Дејан Манасков во Веспрем, Расмус Лауге, ќе биде надвор од терените подолг период. На последниот меч против Кил, тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото и го напушти теренот со помош на своите соиграчи.

Веднаш по натпреварот 29-годишникот замина во болница каде направи првични прегледи. Докторите му ги соопштија лошите вести, кои го оставаат без елитен ракомет во наредните месеци.

Лауге ќе го пропушти завршниот турнир во Келн, а ќе го пропушти и Светското првенство во Египет, каде неговата Данска ќе ја брани светската титула.

Веспрем во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе игра со Кил, а Барселона ќе го предизвика ПСЖ во вториот дуел во „Ланксес Арена“ на 28 декември.