Летонци ќе му судат на Вардар во полуфиналето против Барселона

ЕХФ Германци

Судискиот пар Зигмарс Сондор и Ренарс Лицис од Летонија ќе бидат задолжени за делење на правдата на полуфиналниот меч меѓу Вардар и Барселона на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Големото финале му беше доделено на Германците Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг, а мечот за трето место ќе го судат Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека од Португалија.

„Фајнал-фор“ турнирот во „Ланксес Арена“ ќе се одржи на 1-2 јуни. Барса има два трофеи во ова натпреварување, Вардар и Киелце по еден, а Веспрем ќе разигрува за првиот во својата историја.