Лапорта потврди: Тренерот на Кузмановски ќе биде нов предводник на Барса

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, ги потврди шпекулациите дека Антонио Карлос Ортега ќе биде нов тренер на ракометниот колектив на каталонскиот гигант.

Сегашниот стратег Чави Пасквал по цели дванаесет години минати во Барселона се реши да ја заврши својата авантура во Шпанија и своето место ќе му го препушти на сонародникот кој неколку сезони со успеси во води тимот на Хановер, каде од оваа сезона настапува нашиот репрезентативец Филип Кузмановски.

<<< ПОВРЗАНО - Ортега во пакет со Свенсон уште од ова лето на клупата на Барселона!

„Уште во мојот прв мандат на чело на Барселона им ја доверив довербата на Пасквал и Баруфет. Имам огромна почит кон нив. Сепак, дојде време за промена на тренерската палка. Чави одлично го водеше тимот, но потребен ни е нов импулс во тимот. Неговиот наследник е веќе договорен, тоа е Антонио Карлос Ортега“, вели Лапорта за шпанските медиуми. 

Многу веројатно прва поддршка на Ортега на клупата на Барселона ќе биде легендарниот голман на каталонскиот тим Томас Свенсон.