Ландин: Нашиот триумф кај Вардар во Скопје беше неочекуван

Германскиот бундеслигаш Кил ќе биде учесник на завршницата од Лигата на шампионите како најдобар тим во групата. „Зебрите“ играа двапати со Вардар оваа сезона, а победата во Скопје го изненадила голманот Никлас Ландин.

Кил одигра доминантен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ и убедливо го порази Вардар. Европскиот првак посебно беше надигран во првото полувреме кога успеа да даде само четири гола.

„Наша цел беше да завршиме први во групата, ама на стартот на сезоната не знаевме како тоа ќе се движи. Нашите гостински победи кај Веспрем и кај Вардар беа позитивно изненадување и неочекувани. Но, на домашен терен имавме лоши средби како на пример поразот од Порто или ремито со Мотор Запорожје“, вели Ландин.

„Зебрите“ во 2016 година беа последниот германски тим кој играл во Лигата на шампионите. Овој пат тие се враќаат на Ф4 во друштво со ПСЖ, Веспрем и Барселона. Четирите ѕвездени тима сигурно ќе понудат спектакл, а останува да видиме кој ќе го наследи тронот на Вардар.