Лајпциг го елиминира Хипо и ќе игра во групата со ЖРК Вардар во ЛШ

Германски Лајпциг е четвртиот член во Б групната фаза од женската Лига на шампионите и ќе игра заедно со Вардар. На квалификацискиот турнир во Шпанија, Германките во финалето го победија австрискиот Хипо со 32-30 (15-16). Не помогнаа ниту 14-те гола на Ачимовиќ за Хипо, кој првпат нема да игра во групната фаза од ЛШ.

Првиот меч меѓу Вардар и Лајпциг ќе се игра во рамките од второто коло, во Германија во периодот од 21 до 23 октомври. Досега Вардар и Лајпциг одиграле три меѓусебни натпревари, два во лигата на шампионите и еден пријателски.

Последниот меѓусебен дуел беше минатата година на почетокот на крајот од август на турнирот што го организираше Вардар, македонската екипа славеше со 37-25.