Лагард го напушта Нант и се сели во Рајн Некар Левен

Клупскиот другар на нашиот репрезенативен капитен, Кире Лазаров, левиот бек Ромен Лагард од јуни 2020 година ќе настапува во Бундеслигата за вицешампионот Рајн Некар Левен. Тој го напушта европскиот вицешампион и ќе потпише за „лавовите“ во обид да се наметне на местото на кое игра нашиот Филип Талески.

Рајн Некар Левен инсистираше да го доведе францускиот репрезентативец ова лето, но не најдоа заеднички јазик со управата на европскиот вицешампион и мора да чекаат да го добијат своето засилување на истек на договорот. 

22-годишниот Лагард беше освојувач на Купот на Франција со Нант, а во дресот на репрезентацијата на Франција освои бронзен медал на Светското првенство во Германија и Данска во јануари годинава.

За „триколорите“ Лагард запиша 26 настапи и постигна 26 погодоци.