Ла Риоха ѝ одржа лекција, Бидасоа со тежок пораз патува за Битола во ЛШ

Екипата на Бидасоа Ирун веќе обезбеди пласман во елиминационата фаза на Лигата на шампионите, но во овој период не може да се пофали со позитивни резултати во домашниот шампионат, затоа што во трите последни кола, запиша по една победа, реми и пораз. 

Шпанскиот вицешампион ќе биде последниот противник на Еурофарм Работник во групната фаза на евро-елитата, а во Битола ќе допатува со тежок пораз од вечерашниот натпревар против Натухаус Ла Риоха во Логроњо. 

Во рамките од 12. коло на АСОБАЛ, тимот Бидасоа беше тотално надиграна и поразена од големиот ривал за втората позиција, Натурхаус Ла Риоха со  30-24 (14-10). 

Со осум гола, Томас Родригез беше најпрецизниот поединец во победничкиот табор, додека кај Бидасоа Ирун се истакнаа Родриго Муњос со пет и Салинас и Ренуд со по четири гола.