Квалитетот на дело: Еве како Начевски и Николов го водеа финалето во ЛШ! (ВИДЕО)

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) уште еднаш покажа голема доверба кон македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и им го даде да го судат финалето во Лигата на шампионите.

Во мечот за титула се судрија Алборг и Барселона, а победија Каталонците кои се рекордери во елитата. ЕХФ објави специјално видео за првпат со целата комуникација меѓу судиите на мечот. Погледнете како Начевски и Николов го водеа финалето во ЛШ...

Начевски и Николов важат за најдобриот судиски пар во светот. Финалето во ЛШ беше единственото кое им фалеше во кариерите во кои судеа финалиња на ЕП, СП и ЛОИ.