Квалификациски шок и за Србија, првпат загуби од Италија!

Ракометарите на Србија претрпеа пораз на гостувањето кај Италија (31-30) во второто коло од квалификациите за Европското првенство. 

Избраниците на Борис Ројевиќ беа шокирани од одличната партија на „аѕурите“ кои не се многу познати по играњето на допадлив и квалитетен ракомет. Така Србите го претрпеа првиот пораз од оваа селекција во историјата.

Италијанците одиграа одлично прво полувреме во кое имаа целосна контрола на резултатот, но пред крајот попуштија и на одмор се замина со 13-14. Србија се наметна потоа, водеше и со 18-22, меѓутоа падна во завршницата. Драмата на крајот им припадна на домаќините кои приредија изненадување. 

Микаел Хелмерсон со осум гола беше најдобар во италијанскиот табор, додека кај Србија со по шест се истакнаа Којадиновиќ и Илиќ.