Кузмановски запиша „петка“, Магдебург сигурен во Купот на Германија

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше солиден настап за германскиот бундеслигаш Магдебург, во рамките на Купот на Германија.

Во првата фаза од натпреварувањето, односно 1/32-финалето, Магдебург на домашен терен беше убедлив против Нортејмер и славеше со 41-26. Разликата во класи меѓу двата тима беше евидентна уште по првото полвуреме, кога фаворитот водеше со 27-10.

Филип Кузмановски на овој дуел доби солидна минутажа и даде пет гола. Четири од нив беа во првото, а еден во второто полувреме. Магдебург во наредната фаза од Купот ќе игра со победникот од мечот меѓу Хаген и Хамбург.

Следниот викенд започнува Бундеслигата, а Магдебург во ЕХФ Купот ќе дебитира во третото коло во ноември.