• Горан Упале

Ракометната репрезентација на Македонија со 27-23 ја совлада Грција во Струмица и се избори за лидереска позиција во квалификациската група. Нашите момци одиграа одличен натпревар, а Кузмановски вели дека време е тој и Талески да ја преземат одговорноста и заедно со Лазаров да бидат носители на селекцијата.
„Сите бевме изморени од клупските обврски, но собравме сили и ѝ се реванширавме на Грција за поразот во Кожани. Секогаш кога играме против Грција сме повеќе од мотивирани, а тоа го покажавме денес, особено во второто полувреме. Ако против Исланд за некои беше изненадување, денес докажавме дека сме зрели за ново ЕП, иако тимот е далеку подмладен.
Сите велат дека сме млади. На пример јас и Талески пет години сме дел од оваа селекција и затоа сега треба ние да ја преземиме одговорноста и со помош на Кире Лазаров да бидеме носители на оваа селекција на претстојниот континентален собир“, рече битолчанецот.
Македонија по петти пат во низа ќе игра на едно ЕП, шампионат кој на програмата е следната година.