Кузмановски: Тука сме како едно големо семејство, со нетрпение го чекам првиот меч! 

Еден од најдобрите македонски ракометари, кој во ланската сезона беше алфа и омега во редовите на вицешампионот Еурофарм Работник, Филип Кузмановски, пристигна во Германија и ја започна својата мисија во редовите на Магдебург

Иако има само 22 години зад себе има големо интернационално искуство и сигурно нема да му биде тешко да се аклиматизира во новата средина, која како што вели тој делува како едно големо семејство. 

„Атмосферата во тимот е фантастична. Соиграчите уште од првиот ден беа до мене и ми помогнаа да не се чувствувам како новајлија. Тука сме како едно големо семејство, кое меѓусебно се почитува. Мило ми што сум дел од овој клуб, со нетрпение го чекам првиот натпревар“, за Gol.mk изјави Кузмановски. 

По завршените лекарски прегледи, Кузмановски и своите нови соиграчи утре ќе застанат пред објективнот на клупскиот фотограф, а од понеделник ги стартуваат подготовките за новата сезона, во која покрај во Бундеслигата ќе се натпреваруваат и во ЕХФ Купот.