Кузмановски со два гола, Бергишер со пенал во последната секунда до реми кај Хановер

Кузмановски

Екипите на Хановер и Бергишер одиграа без победник (30-30) во рамки од петтото коло од новата сезона во Бундеслигата.

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски постигна два гола од три обиди во ремито на овој домашен предизвик. Најзаслужен за конечниот резултат беше гостинскиот голман Томас Мрква, кој го одбрани последниот напад на противникот и му овозможи на Тор Гунарсон од пенал да ги израдува Бергишер.

И за двата тима ова беше прво сезонско реми. Хановер остана во средниот дел на табелата, а гостите го делат врвот со Лемго и Лајпциг.

На трибините присуствуваа нешто повеќе од 1.600 навивачи, поради пандемијата со коронавирусот.