Кузмановски со три гола во победата на Хановер, Томовски со две одбрани во поразот од Лемго

Ракометарите на Хановер ја запишаа втората победа во средбата од третото коло во Бундеслигата, откако на домашен терен го совладаа тимот на Кобург со 27-23 (13-11). 

Екипата каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски ја оправда фаворитската улога и уште од стартот имаше предност. Иако гостите успеваа во неколку наврати да израмнат, ниту еднаш не поведоа и на крајот загубија со четири голови разлика. 

Кузмановски имаше солиден настап за Хановер, постигнувајќи три голови од четири обиди. Најефикасен играч на средбата беше Мартиновиќ со шест голови, пред Брозовиќ со пет, додека кај Гостите четири даде Билек.

Лудвигсхафен загуби на гостувањето кај Лемго со 24-22 (10-11). Тимот каде брани интернационалецот Мартин Томовски силно парираше и на полувреме минимално водеше, ама немаше сили на крајот да изненади и го загуби дуелот со фаворитот. Томовски бранеше осум минути, за кои запиша две интервенции. 

На последниот натпревар, поранешната екипа на Кузмановски, Магдебург леснос е справи со Гепинген и со 28-22 ги освои бодовите.