ФОТО: Кузмановски со сопругата Моника го посетија новиот дом во Германија

По само една сезона мината во редовите на Магдебург, Филип Кузмановски се реши за нов клуб и предизвик во својата кариера, но останува во Бундеслигата. 

Македонскиот репрезентативец од следната сезона ќе ги брани боите на тимот на Хановер, клуб против кој се натпреваруваше и во ланската сезона, кога настапуваше за Еурофарм Пелистер, во рамките од ЕФХ Купот. 

24-годишниот бек и покрај тоа што Бундеслигата е завршена од пред еден месец се реши да остане во Германија, а слободното време го искористи да го посети својот нов дом. Заедно со сопругата Моника, македонскиот ракометар го разгледуваше Хановер, а прошетката низ градот ја овековечи со фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Filip Kuzmanovski (@filip_kuzmanovski) on

Покрај за Магдебург и Еурофарм Пелистер, Кузмановски во својата кариера настапуваше уште за Металург, каде неколку сезони беше и капитен.