Кузмановски со четири гола за „зебрите“, Томовски до девет одбрани со РНЛ

Македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Мартин Томовски ги одиграа своите натпревари во Бундеслигата за екипите на Хановер и Лудвифсхафен, па и двајцата добија солидна минутажа на терен.

Кузмановски доби шанса во нападот и тој успеа да постигне четири гола од вкупно седум обиди против големиот фаворит и шампион Кил. Исто така подели и четири асистенции. „Зебрите“, сепак, на крајот ја однесоа победата затоа што славеа со 34-31.

Солиден ден имаше и Мартин Томовски, кој на терен мина 45 минути и забележа девет одбрани во дуелот за Лудвигсхафен против Рајн Некар Левен. Ама, противникот се покажа како тврд орев и дојде до полн плен (24-26), иако тимот на македонскиот голман даде голем отпор.

На останатите натпревари Гепинген беше подобар од Балинген (28-23), Лајпциг славеше кај Кобург (22-29), Мелсунген високо го совлада Лемго (27-21), а Фуксе Берлин на домашен терен доживеа дебакл од Магдебург (22-32).