Кузмановски со четири гола за поранешниот клуб во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше солидна партија за германскиот бундеслигаш Хановер, но мора да се помири со пораз од неговиот поранешен клуб Магдебург (33-25).

Фаворитот на хартија си ја оправда улогата, а до посакуваната победа зачекори со одлично прво полувреме кое го доби со девет гола разлика (19-10). Кузмановски на овој натпревар шутна шест пати и даде четири гола, а исто така зад своето име запиша и четири асистенции.

Најдобар кај стрелците беше Жељко Муса со шест гола, а исто толку голови постигна и Магнусон, додека кај Хановер, Бом беше стрелец на пет гола.

Хановер е на 12-тото место во Бундеслигата по 15 одиграни кола, додека Магдебург котира високо, се наоѓа на петтото место и води борба за местата кои водат во Европа.