Кузмановски солиден, Хановер го декласира лидерот на Бундеслигата

Ракометарите на Хановер го изненадија лидерот на германската Бундеслига, Рајн Некар Левен и во „ЗАГ Арена“ го совладаа со 36-30 нанесувајќи му го првиот пораз по девет победи и реми во низа. 

Македонскиот репрезентативен бек, Филип Кузмановски имаше скромен и половичен учинок во фазата на напад и погоди два од четирите обиди. Сепак, покрај реализацијата Кузмановски покажа одлична игра во два правци и одигра добар натпревар на кој запиша и една асистенција, а му направија и неколку пенали.

Целосно се издвои Мартиновиќ, кој со 11 погодоци беше херој на Хановер, додека кај „лавовите“ Киркелоке имаше седум, пред Јонсон (6) и Бучнер (5) од победничкиот табор. Двоцифрен број интервенции собра голманот на Хановер, Лесјак, со вкупно десет одбранети удари.

Средбата започна со домашно водство, но гостинот бргу се врати и поведе. Сепак, Хановер пак ја врати позитивата и со добра игра најави дека не се шегува и напаѓа по триумф над лидерот. Ако во првиот дел највисока предност беше +4, вториот беше кобен за Рајн Некар. Домаќинот играше неверојатно и со неколку мини серии целосно го растури ривалот, па поведе и со највисоки десет голови (36-26), а гостите успеаа да вратат четири од нив и немаа сили и време за повеќе.