Кузмановски се врати со еден погодок и победа, прва победа за Пешевски во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по подолго време доби шанса во екипата на Магдебург.

Средниот бек постигна еден погодок во сигурната победа на својата екипа против Гепинген (30-21). Тој влезе во игра во вториот дел и ја искористи минутажата да упати еден удар и истиот да го смести во противничката мрежа. Кузмановски започна одлично, но потоа ја загуби довербата кај тренерот Бенет Вигерт. Следното коло за тимот на нашиот ракометар носи гостување кај Хановер. Магдебург стигна до петтата сезонска победа, откако во минатото коло запиша минимален пораз кај Вецлар.

Два македонските репрезентативци играа меѓу себе во Лидвигсхафен. Жарко Пешевски и Мартин Томовски беа еден спроти друг, а Штутгарт славеше на гостувањето кај Лудвигсхафен со 23-27.

Пешевски постигна три погодоци, Мартин Томовски впиша пет интервенции.

Домашна победа запиша и Нордхорн, кој вечерва го надигра Лајпциг со 33-30.