Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, изгинавме сите за еден!

Македонија како ретко досега речиси без грешка одработи еден натпревар на големите натпреварувања. Катар на Веселин Вујовиќ прими дури 39 гола и со оваа победа Македонија математички ги сочува шансите за пласман во четвртфиналето (39-34).

Филип Кузмановски со шест погодоци повторно беше предводник на нашата селекција, а по натпреварот истакна дека е горд на соиграчите и дека сите заедно покажаа како се игра во репрезентативниот дрес.

„Кажав и пред натпреварот со Катар дека одиме на победа. Верував во сите, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да славиме. Сите бевме пожртвувани максимално, горд сум на момците, се наоѓам под емоции и многу сум радосен за оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Одигравме како тим, изгинавме сите за еден и покажавме единство“, рече капитенот. 

До крајот на главната фаза преостанува уште еден натпревар, кој го играме против моќната Франција