Кузмановски по враќањето во Германија доби позитивен тест на ковид-19

Филип Кузмановски беше една од ретките светли точки во редовите на репрезентацијата на Македонија на Светскиот шампионат во Египет. Битолчанецот покажа дека го има во себе потребното да повлече кога на другите не им оди, па со стандардна минутажа може да го исполни потенцијалот. 

Кузмановски со тимот на Македонија се врати во Скопје по настапот во Каиро, а веднаш по враќањето во Германија и својот Хановер, доби позитивен наод на тестот за коронавирусот. Бекот се чувствува добро и е асимптоматски случај, ама ќе мора да биде изолиран од екипата и дури по две седмици ќе се врати на терените. Оваа информација ја потврдија и од Хановер на својот Фејсбук профил. 

  • Објавата на Фејсбук профилот на Хановер:

Сепак, Кузмановски нема да пропушти голем број натпревари. Германската Бундеслига по паузата се враќа овој викенд, но нема да играат сите екипи. Хановер е еден од тимовите чиј прв дуел (против Нордхорн Линген) е одложен, па првиот меч по паузата е дома со Фленсбург на 14 февруари.

На македонскиот репрезентативец му се потребни два негативни теста за да се врати на тренинзите, а истите можат да дојдат и во пократок рок од планираните две седмици па Кузмановски да се врати порано на теренот.