Кузмановски перфектен со 5/5, Хановер по пет кола победи во Бундес

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен натпревар за Хановер во Бундеслигата и тој и неговиот тим успеаја да ја скршат црната серија.

Хановер на домашен терен славеше над Гепинген (31-25), откако во вториот дел го скрши отпорот на противникот. Така, бундеслигашот дојде до прва победа, по пет кола без успех. Кузмановски имаше одличен натпревар, доби солидна минутажа и даде пет гола од пет обида.

Најдобар кај стрелците беше Хансен со шест гола, пред Фејс со пет, додека кај Гепинген, Хејман беше најефикасен со вкупно пет постигнати гола.

На останатите две денешни средби, Бергишер беше подобар од Кобург (28-24), додека Минден на домашен терен минимално славеше над Есен (30-29).