Кузмановски пак одличен, но Хановер немоќен на гости кај Лајпциг

По херојскиот триумф против лидерот Рајн Некар Левен, екипата на Хановер повторно се лизна во Бундеслигата, но нашиот репрезентативец Филип Кузмановски повторно имаше солиден натпревар.

Иако одлично се држеше во првиот дел, во вториот, Хановер немаше решение за разиграните домашни ракометари на Лајпциг и епилогот од тоа беше минимален пораз од три гола разлика (29-26). Кузмановски повторно беше еден од најдобрите поединци во својот табор и дуелот го заврши со четири гола, од шест обиди. Попрецизен од него беше само хрватскиот репрезентативец Мартиновиќ со пет гола. 

Вечерва на ракометниот паркет во Бундеслигата свој настап имаше и искусниот Филип Миркуловски, кој со својот Вецлар загуби на гостувањето кај Лемго со минимални 28-27. 

Вецлар долго време го бркаше резултатот, но кон средината на вториот дел успеа да ја преземе контролата, а со тоа и водството. Сепак, во самиот финиш среќата беше на страната на домаќините и Лемго запиша голема победа, шеста овосезонска. Нашиот поранешен репрезентативец само еднаш се запиша во листата на стрелците.