Кузмановски пак броеше до пет, Миркуловски и Вецлар подобри од Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжува со одличните партии во дресот на Хановер оваа сезона. Одличниот бек синоќа повторно беше меѓу најдобрите поединци на тимот предводен од Ортега, но овој пат Хановер не успеа да запише нова победа. 

По петте гола од исто толку обиди против Гепинген, Кузмановски повторно бореше до пет, но неговиот тим беше изненаден на домашен терен и загуби од Балинген со 25-29. 

Синоќа, возбудлив натпревар одиграа и екипите на Вецлар и Штутгарт. На крај бодовите останаа кај „зелените“, кои славеа со 30-25, а нашите ракометари Филип Миркуловски и Жарко Пешевски по еднаш се запишаа во листата на стрелците. 

По единаесет одиграни кола најдобро котира Пешевски со својот Штутгарт (5. место), Вецлар на Миркуловски е шести, Хановер на Кузмановски е 14-ти, додека Лудвигсхафен на Томовски е на 18. место.