Кузмановски одличен со четири гола, Хановер минимално против Либек

Филип Кузмановски постигна четири гола во втората победа во низа за Хановер во Бундеслигата на денешниот дуел против Либек (22-21). 

Домашните ракометари имаа највисока негатива од четири гола во првиот дел. На пауза заминаа со -2, а потоа направија пресврт во завршницата. Најзаслужен за тоа, покрај македонскиот репрезентативец, беше Хансен со неговите седум реализации.

Вецлар на Филип Миркуловски успеа да слави над Мелсунген (31-28) и остана во горниот дел на табелата. Лидерот во Бундеслигата, Магдебург, продолжи без пораз и по дуелот со Лемго на домашен терен. Победата од 29-25 значи зацврстување на врвот на тимот кој ја брани титулата од Европската лига.

Последниот ривал на Вардар 1961 во Лигата на шампионите, Кил, лесно го совлада повратникот во елитното друштво, Хамбург со 23-32.